На водителката Душица Јаковљевиќ мини-одморот во Врњачка Бања и се претвори во пекол. Поради деформираното лице таа завршила во итната помош.
„Испив таблета за проширување на респираторните органи во носот и добив страшна алергиска реакција. Лицето ми отече и беше целосно деформирано“ – изјавила Душица. Водителката помина неколку дена во Врњачка Бања на одмор кога и беа блокирани дишните патишта, па посегнала по таблета за подобро да дише и нормално да спие.
Душица поради работа го одложи она што требаше да се реши во октомври минатата година и сега трпи страшни последици. Имено, од обична операција на девијација во носот се појавија разни компликации, а потоа и алергии, па неколку месеци по интервенцијата водителката се уште зборува низ нос, а дишните патишта и понатаму и се блокирани.
По сето ова сега Душица ја чека уште една операција за конечно да може да дише нормално.
Фото: Инстаграм/dusicajakovljevic