Анабела Атијас направи вистинска мешаница со нејзиниот влез во реалнато шоу „Задруга 3“.
Оттогаш, сите го коментираат нејзиното однесување кон ќерката Луна, момчето на Луна, Марко Миљковиќ и поранешниот сопруг на пејачката Гаги Ѓогани.
Водителката на шоуто, Душица Јаковљевиќ за „Ало.рс“ го искажа своето мислење за Анабела.
– Секоја мајка која има дете во „Задруга“ а која избира да влезе во ријалити е храбра. Ја разбирам потребата на Анабела да ја разјасни еднаш засекогаш ситуацијата што е во нејзиниот живот, почнувајќи од нејзиниот брак со Гаги. Исто така, можам да ја разберам грижата како мајка која не го сака момчето со кое е ќерка и. Се надевам, на крајот на краиштата, тие барем ќе успеат да ги смират своите односи со Гаги за доброто на децата што ги имаат – рече Душица.