Водителката на реалното шоу „Задруга“, Душица Јаковљевиќ редовно го привлекува вниманието на јавноста со својот изглед и атрактивните и провокативни фотографии и видеа, а неодамна своите следбеници ги почести со специјално издание.
Имено, Душица се соблече во едноделно цветно бикини, кое ги истакна нејзините облини, а она што веднаш го привлече вниманието на сите е нејзината бујна предница која деколтето едвај успеа да ја скроти.
Атрактивната водителка е снимена како се шета во костим за капење покрај базенот, а нејзините обожаватели не можеа да престанат да коментираат кога видоа колку добро изгледа водителката, која комотно може да се носи со силиконските старлети од нејзината „Задруга“.
View this post on Instagram
„Деколте за десет“, „Ах душо, што ни правиш“, „Ти си бомба“, „Каква жена“, „Гориш“, „Никогаш не си изгледал подобро“ – се редеа коментарите.
Да потсетиме, Душица Јаковљевиќ од првиот брак има две деца, синот Огњен и ќерката Анѓела, а многумина беа зачудени колку добро изгледа водителката со оглед на тоа што досега имала две породувања.
Фото: Инстаграм принтскрин/dusicajakovljevic