Промотер

„Дуоз“ знаат дека таа е „Лукава“ (АУДИО)

„Дуоз“ знаат дека таа е „Лукава“ (АУДИО)

Диџејско продуцентското дуо „Duoz се појави со нова песна насловена „Лукава“ во копродукција со The Smoke House. Енергијата во проектот дава еден заразен ритам кој ве тера песната да ја пуштите повторно, и така се одново и одново.

Инаку „Duoz“ влегуваат во полн замав и опфаќаат голем спектар на електронската сцена. Нивните сетови се карактеризираат со многу енергија, емоции и доживување.

Ова  доаѓа после петгодишната работа на  диџејско-продуцентското дуо, кое на македонската јавност и е добро познато со своите самостојни настапи низ целиот Балкан, но и како локална поддршка на најголемите светски музички имиња како: Martin Garrix, Hardwell, Afrojack, Nicky Romero, Alan Walker, Lost Frequencies, Paul van Dyk, Ravitez, Kill the Buzz и др.

Песната e веќе достапна на YouTube ,а и наскоро на сите светски музички платформи. Слушнете како звучи нивната „Лукава“:

To top