Промотер

Дуото „Ние“ ве носат на музичка пловидба по -„Езеро од чај“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Дуото „Ние“ ве носат на музичка пловидба по -„Езеро од чај“ (ЛИРИК ВИДЕО)

„Ние“ е всушност музичко дуо кое го сочинуваат Стефан Столевски и Марија Штерјовска. Нивната нова песна „Езеро од чај“ е на некој начин музичка автобиографија или како што вели Марија: “Душите ни се најдоа. За нас е всушност песнава, ако подобро размислам. Во езеро од чај се најдовме“ – ќе напише на својот Фејсбук, како што носи и име нивното ново остварување: „Езеро од чај“ на кое автори се самите – Стефан (музика) и Марија (стихови), додека аранжманот го направил виртуозот на гитара Дамир Пух.

Жанровски, песната звучи како зрела амбиентална, езотерична поп балада, на моменти обоена со етно-ворлд призвук и емеотивен лирски текст кој ја отвора душата и допира до најдлабоките емоции.
Деталите за соработниците, мулирик видеото и луѓето без кои ниту дуото ниту пеаната немало да се случат, Марија во еден пост ги опишала на својот Фејсбук профил:

Не се сеќавам точно која година го напишав текстот (можеби деценија помина), но дефинитивно кога сега би го пишувала, “сродната своја” би стоело во множина зашто во нашево Езеро од чај ни се допреа душите со многу други прекрасни и сродни кои имавме привилегија да работат на овој финален продукт. Свесна сум дека ќе биде подолг постов, но повеќе од значајно ми е да ви ги споделам сите:

1. Мојот нероден брат кој ја напиша оваа езотерична, вонземска музика и кој реши со нејзиното снимање да ми го даде еден од најпосебните роденденски подароци. Фала ти Стефан!
2. Нашата посебна наставничка по соло-пеење која цело време од мене се труди да го извади мојот и само мојот глас, но пред се чиста емоција уважувајќи го уметникот во мене повеќе и од она што јас си го уважувам. Фала ти Наташа!
3. Нашиот аранжер и продуцент кој направи Езеро од чај да звучи многу блиску до она што си го замислувавме, но и заедно со Нате која вмеша прсти, да ни овозможат уникатно искуство во нивното GreenRoom Sound Studio. Фала ти Дамир!

4. Нашата сакана и обожавана особа Надин која заедно со Стефан ме изненади со нејзиното уметничко дело кое сум почестена да ни го краси спотот и која без никакво сугерирање ја погоди во центар нашата визуелизацијата за Езеро од чај. Фала ти Надо!
5. Нашиот вреден креатор на lyrics видеото кој имаше трпение и отвореност да ни ги услиши сите сугестии иако беше во ек на претсвадбени подготовки. Фала ти Александар!
6. Нашиот фотограф кој ни фаќаше убави, во допир со природата кадри на едно од најживописните места во Скопје (Матка) при што ние уживавме и се забавувавме во целиот процес. Фала ти Марко!
7. Нашите драги и сакани луѓе кои се заедно со нас во животното езеро и кога е разбранувано и кога е мирно и кои ни дадоа огромна поддршка за новава песна за која независно едни од други се изјаснија дека ја доживуваат како созреан музички израз на НИЕ.

Проследете ја  во продолжение „Езеро од чај“ на дуото „Ние“:

To top