Кубанското дуо „Беле Беле“ кое го сочинуваат јасмин Лопез и Онелито неодама во хотелот „Романтик“ во Велес го сними видеозаписот за песната „Фиеста Латина“.
„Fiesta Latina“ е песна која звучи многу урбано и свежо, совршена е за танцување и забава. Во неа ќе слушнете и уживате во ритми и мелодии од Мајами, Порто Рико, Колумбија и многу други звуци од Латинска Америка во гласовите на овие двајца кубански пејачи.
Музиката е авторско дело на самите изведувачи, додека видеото го изработи македонска екипа и продукција. Како арт директор на спотот се потпишува познатиот новинар и ТВ водител Зоран Василевски – Фаци.
Директор на фотографија е Кокан Палашев, светлото на Панчо Пиров, за шминката се погрижи студиото Вељанова, додека режијата е на Крсте Шупев.
Како звучи и изгледа „Латино забавата“ на Кубанците од дуото „Беле Беле“ проследете во продолжение: