Промотер

Дуке Бојаџиев ви ги честита празниците со „Сон, верба, љубов“ (АУДИО)

Дуке Бојаџиев ви ги честита празниците со „Сон, верба, љубов“ (АУДИО)

Македонскиот композитор, пијанист и продуцент со светско реноме, Дуке Бојаџиев одлучи да ни ги разубави празниците и да ни подари бесплатен албум со 10 одлични композиции, сето тоа собрано под насловот „Сон, верба, љубов“!

„Во изминативе 7-8 години, покрај сите проекти на кои работев, пишував и композиции инспирирани од моите македонски музички корени. Дел од нив изведов во концертни верзии минатите години, а дел премиерно ќе ги чуете на студиското издание на ’Сон-Верба-Љубов’. Ова издание сакам да го споделам со сите вас како еден искрен подарок со кој Ви ја честитам Новата 2018 година, и Ви посакувам и понатаму никогаш да не заборавите да Сонувате, Верувате и Љубите!“ – порача композиторот и музичар.

Материјалот се снимаше во периодот од 2010 до 2017 година, а меѓу гостите на овој проект се: Исмаил Лумановски (кларинет), Каролина Гочева (вокал), Крсте Роџевски (вокал), Наташа Петровиќ (вокал), Владимир Крстев (виолина), Ара Данкјиан (уд), Матијас Кунцли (перкусии), Прија Даршини (вокал) и Фло Атенози (гитара).

Сето тоа можете да го слушнете ОВДЕ, а бесплатно да го преземите ОВДЕ.

 

To top