Радио Милева

Дуке Бојаџиев преку новогодишна фотографија откри дека ќе стане татко по вторпат (фото)

Дуке Бојаџиев преку новогодишна фотографија откри дека ќе стане татко по вторпат (фото)

Македонскиот музички уметник Дуке Бојаџиев кој живее и работи на својата кариера во Њујорк, ќе стане татко по вторпат.

Дуке и неговата сопруга Флора застанати заедно пред новогодината елка им посакаа среќна Нова година на сите свои драги луѓе, а наедно открија и дека повторно ќе станат родители.

Според приложеното, на фотографијата може да се види дека Флора е во поодмината бременост, па семејството многу наскоро ќе биде во проширен состав.

Инаку, Дуке и Флора го имаат шестгодишниот син Теодор, кој е крстен по неговиот дедо, Тодор Бојаџиев, кој освен како признат доктор, на јавноста и беше познат и по бројните македонски евергрини кои ги пееја познати легенди, како Сашка Петковска, Верица Ристевска и други.

Инаку, Дуке иако е концентриран на странскиот музички пазар, не ја заобиколува македонската публика од својата агенда, како и соработките со колегите од земјава.

фото:фејсбук

To top