Дуке Бојаџиев е човек кој се што прави, прави со повод и причина. Нема сила која може да го сопре Македонецот со светско реноме, во идејата да му ја покаже на светот својата перспектива на љубовта и музиката. Оригинален во идејата, амбициозен во намерата. Со оглед на тоа што долги години живее надвор од Македонија, ретко го гледаме, но кога ќе го видиме секогаш има двоцифрен број теми за разговор. Од последна средба со естрадниот магазин Бекстејџ поминаа 5 години, а оттогаш се случија многу работи.
Со оглед на тоа што „Танго до Балчак“ е една од неговите најуспешни композиции, разговорот го започна токму со тоа дали токму тоа беше она што го доближи до македонската публика.
Има растено со менталитет и по пример на неговиот покоен татко, лекар и композитор Тодор Бојаџиев, дека од уметност не се живее и дека е добро хоби, но не и професија. Музиката ја разбира како игра и нешто што природно извира од него, и токму затоа никогаш не помислил да се школува. Целото школување му било посветено на науката. Дури кога го завршил медицинскиот факултето сфатил дека не може да го направи компромисот што го направил татко му.
Низ неговата интернационала кариера, Бојаџиев има работено со добитници на оскар како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со легендарната Синди Лопер.
Изминативе месеци се појавиви со две песни, „Крв да ни се стори“, со Каролина Гочева и со Бранислав Николов, како и со „Убав ден“ правена со Дина Јашари.
Големината ја прави приземноста на човекот. Сите сме на крајот на денот луѓе, без разлика на кариерата, успехот и материјалната состојба.
Погледнете го целото интервју со Дуке Бојаџиев во продолжение: