Радио Милева со намера или „комплетно килава“?

Државните обележја на власта и се „слаба страна“ или… така им чини: Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња – нигде! (ФОТО)

Државните обележја на власта и се „слаба страна“ или… така им чини: Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња – нигде! (ФОТО)

Ден, 8-ми Септември… Празник… Македонија ја слави својата независност, сувереност, своето осамостајување. А за празник како што е редот треба да е свечено. Во некои убави времиња особено престолнината била накитена со знамиња кога се славеле и одбележувале ваквите големи денови,  важните датуми… Како поле од жолто-црвени цвеќиња изгледало Скопје наредено со знамиња, како симбол на државноста кои го краселе градот убав , македонската метропола  за празник. Арно ама, било некогаш…

Имено, македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков има спортска навика секое утро да повози велосипед по зададена рута низ престолнината. Катаден, без преседан, без оглед дали вренело или веело, студело или сонце печело, дали е делник или празник…

Така и за Денот на независноста русокосата водителка го јавна својот најверен пријател на две тркала и тргна на вообичаената утринска, градска, велосипедска тура, овој пат по скопските улици и булевари.

Капчето на глава, слушалките на уши, очилата за сонце на очи и Снеже Велков тоа утро тргна со идеја возејќи се со велосипедот да снима со мобилниот додека знамињата се вејат низ скопските улици во знак на 8-ми Септември.

„Партизанска“, „Илинденска“, среде Центар покрај кејот на Вардар, знаме никаде…

„Ниту трага, ниту глас“  од задолжителните државни обележја со кои треба да биде украсено Скопје, особено за еден ваков важен датум, за еден од најголемите празници… „Третиот Илинден“ како што го нарекуваат.

Вози, врти кругчиња, гледај, барај… државните обележја за празникот, никаде ги нема!

Конечно последолго талкање по Скопје, водителката успеа да си ја наполни душата откако забележа едвај едно закачено македонско знаме како се вее на еден од градските канделабри. Едно-едно, а ниедно…? Иако требаше да бидат сто и едно, илјада и едно… Ама очигледно, државните обележја на власта и се „слаба страна“? Или… така им чини!?

Во протоколот на Владата на неколку пати ги измешаа знамињата на различни земји при важни посети на високи гости, странски претставници, дипломати и делегации, истакнувајќи знаме на една, наместо на соодветната држава од каде е дојдена посетата. Знамињата дури и наопаку (не)знаеја да ги закачат… За „случајно“ пропуштените стиховите во македонската химна при изведбата на Тамара во американската амбасада или на хорот за Илинден во Крушево и да не зборуваме!

Како и да е, Снеже Велков за 8-ми Септември тргна да бара знамиња по Скопје, а знамиња – нигде! Освен едно… Под кое и таа и ние си ја наполнивме душата, колку за да кажеме:

„Честит Ти празник Земјо моја… Во срцево си ја носам црвено-жолтата боја“!

А власта? Нејзе државните обележја и се „слаба страна“… или така им чини? „Петица Ахилова“…? Не, туку власта е „комплетно килава“!

Фото: Инстаграм принтскрин/velkovsneze

To top