Секоја година на 31-ви октомври во голем број земји се слави празникот „Ноќта на вештерките“, а овој глобален тренд на маскирање од година во година не се одминува ниту кај нас.
Додуша, за разлика од минатата година поголем дел од познатите Македонци како да сфатија дека ова не е во нашата традиција и нема зошто би се обележувал кај нас, па денот, одосно ноќта помина како и секоја друга, а не специјална за празикот кој се верува дека има пагански корени.
Сепак, поединци, без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества, па вечерта беше идеална за журка низ скопските клубови.
Познатите другарки, манекенката Катарина Ивановска и актерката Ана Стојановска се споија за заедничка забава под маски, па од она што го покажаа на своите Инстаграм „стори“, инспирација веројатно им беа „Адамс фемили“.
Тикви, портокалово светело, морничави маски и музика по вкус, им ја направи повозбудлива вечерта на Ана и Катарина заедно со друштвото, па моментите ги споделија јавно.
Додека за манекенката и нејзиниот приватен живот, односно за наводниот инцидент меѓу нејзините екс- партнери кружат вести по порталите, нејзе очигледно не ја тангира медиумскиот фокус, па си ја тера на забава.
Со или без маски, што е тука е и до каде е!
фото: ERICA SIMONE/GETTY IMAGES/ Instagram printskrin/Ana Stojanovska