Завчеравечер, 15 ноември, среда, во елитниот скопски ресторан „Воденица“ членовите на фолк групата „Дрим Тим“ го промовираа видеото за најновиот инструментал насловен “Етно Балкан”. Како што самите велат, се надеваат дека овој поразличен стил ќе им се допадне на слушателите. Ова е само еден дел од проектот кој тие го имаат замислено, за кој допрва следуваат уште неколку делови. Видеото за темата инаку е изработено е во соработка со ИН Продукција.
„Ова е прекрасен момент, го промовираме овој видео спот за нашата нова инструментална тема “Етно Балкан” која се надевам ќе им се допадне на сите“ – вели Сашко Велков, член на Дрим Тим и еден од најпознатите хармоникаши во земјава.
Ова е “Етно Балкан” – дел 1, што значи дека понатаму ќе работиме, ќе претстојат уште делови кои ќе бидат токму во овој стил на музицирање каде што се сфузирани различни музики од Балканот. Се работи за неправилни ритмови, за некои џез фигури, значи една музичка синтеза која мислам дека ќе ви се допадне“ – вели Сашко.
На промоцијата присуствуваа голем број новинари, музичари, естрадни уметници и јавни личности од нашата земја меѓу кои Наум Петрески, Никола Коки Јанков, Душко Божиновски, Сашо Ливрински, Милан Завков, Ирена Спировска…
Од „Дрим тим“ велат дека видеото го работеле од јуни, па се до неоодамна.
“Напорно беше, но го сработивме како што треба, па се надеваме дека ќе им се допадне на гледачите“. -додаваат од бендот и ви препорачуваат да го погледнете и слушнете нивниот „Етно Балкан – дел 1“: