За разлика од порано кога беше многу присутен во медиумите, особено за време на Икс- фактор или ТЛЗП, денес Даниел Кајмакоски многу поретко го гледаме, па дури и на социјалните мрежи.
Откако со сопругата Кристина се остварија во улогата на родители, Даниел целосно се посвети на семејниот живот и малиот Давид, а музиката некако ја стави во втор план, па целата своја љубов и енергија ја дава на својот наследник и саканата.
За големиот христијански празник Велигден, за промена решија да направат една празнична семејна фотографија која Даниел ја прикажи на Инстаграм, на која во центарот секако е слаткиот Давид, но и сопругата, екс-манекенката Кристина која според приложеното, направила драстична промена на изгледот.
Од русокоси, таа премина во бринета, а направи и шишки, па изгледа сосема поразлично од претходно.
Познато е дека жените го менуваат изгледот кога им се случува нешто ново во живото, а на Кристина секако и се случи нешто такво и тоа големо – мајчинството.