Радио Милева

Драмата траела со часови: Познатата манекенка се породила во автомобил среде шума!

Драмата траела со часови: Познатата манекенка се породила во автомобил среде шума!

Поранешниот супермодел, чешката манекенка Петра Немцова (40) се породи и го донесе својот син на свет, а породувањето било драматично искуство.

Имено, и покрај тоа што Петра го роди својот син во петокот, 15 ноември, таа не сакаше да зборува за тоа што поминала се до минатата вечер кога се огласи на својот Инстаграм.

фото:петра немцова/инстаграм

Бебето е родено шест недели порано, додека Петра и нејзиниот партнер Бенџамин престојувале во оддалечено подрачје опкружено со природа. Кога сфатила дека раѓањето започнало, манекенката се качила во автомобилот и додека брзале кон најблиската болница, таа се породила среде шума.

Бидејќи бебето се родило предвреме, дојдоа најтешки денови за парот затоа што животот на бебето беше во опасност.

фото:петра немцова/инстаграм

Меѓутоа, кога стана јасно дека сè е во ред со нејзиниот син, Петра се огласи на социјалните мрежи со фотографија од нивните раце и малата нога на синчето, притоа опишувајќи што преживеала.

To top