Радио Милева

Драма во утринските часови: Сопругата на Шабан од кумот дознала за кобната вест, го барала на телефон, ама бил недостапен

Драма во утринските часови: Сопругата на Шабан од кумот дознала за кобната вест, го барала на телефон, ама бил недостапен

Денеска, недела (17.02.2019) во трагична сообраќајна несреќа во Германија почина легендарниот српски пејач Шабан Шаулиќ. Како што пишува српски „Блиц“, семејството на Шабан безуспешно се обидувало да го добие на телефон, кога требало веќе да биде на аеродром.

Сопругата Гордана го барала за да го пречекаат во Белград кога ќе стета, но бил недостапен. Како што пишува српскиот портал, на семејството Шаулиќ им се јавил кумот кој им ја соопштил кобната вест, дека во болница по сообраќајката на Шабан му откажало срцето и починал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saban Saulic (@sabanofficial) on

Инаку, пејачот веќе неколку години имаше проблем со срцевата аорта, по што му беше направена успешна операција од која закрепна и му се врати на нормалниот живот и настапите. Во една прилика за медиумите по таа операција изјави:

„Опериран бев од таа пуста аорта, а со мене беа сопругата и ќерката Санела. Беше и нејзиниот сопруг Бата Мирковиќ кој е најдобриот зет на светот. Кога ми беше тешко, тој беше постојано крај мене. Доаѓаше на посети, а заминуваше последен. Тој ми е повеќе од роден син, искрено откри тогаш Шаулиќ.

To top