Радио Милева

Драма во домот на Џенифер Лопез: Нејзината ќерка повеќе не може да поднесе да живеат заедно и сака да ја напушти мајка си

Драма во домот на Џенифер Лопез: Нејзината ќерка повеќе не може да поднесе да живеат заедно и сака да ја напушти мајка си

Американската пејачка и актерка, 51-годишната Џенифер Лопез безброј пати нагласи во интервјуата дека нејзините деца, 13-годишните близнаци Ема и Макс, кои ги доби со поранешниот сопруг Марк Ентони, се најголемото богатство што го има во животот.

– Кога ќе станете мајка, целиот свет добива ново значење. Понекогаш сакам да го запрам времето за да останат со мене што е можно подолго. Не можам да го замислам денот кога тие ќе го напуштат моето „гнездо“. Моето срце ќе се скрши – рече таа во неодамнешното интервју дури и не замислувајќи дека тој момент ќе дојде дури и пред да помисли.

фото:принтскрин/инсатграм

Минатиот викенд американските медиуми ја слушнаа веста дека нејзината ќерка Ема наскоро ќе се исели од вилата во која живее пејачката со нејзиниот свршеник, 45-годишниот бејзбол играч Алекс Родригез. Ема, наводно, сака да се пресели кај својот татко Марко Антони, кој многу и недостасува, а една од причините зошто решила да се пресели е, дека таа повеќе не може да ги слуша секојдневните расправии на нејзината мајка и Алекс.

– Ема не се расправаше со нејзината мајка, на убав начин и објасни дека сака да помине извесно време со нејзиниот татко и Џеј Ло го почитува тоа. Но, многу ја повредише кога слушна дека Ема не сака да живее во истата куќа во која живее Алекс – вели изворот.

To top