Радио Милева

Драма ден за Викторија Лоба – и се случи она од кое сите се плашиме!

Драма ден за Викторија Лоба – и се случи она од кое сите се плашиме!

Пејачката Викторија Лоба важи за доста позитивна личност која ретко излегува од дома без насмевка, а таквата енергија знае да ја задржи во текот на целиот ден и да ја пренесе на другите.

Дека е навистина таква по природа докажа и преку една случка од која се најде затечена во незгодна ситуација, но истата резултираше само со широка насмевка на нејзиното лице.

Имено, Лоба на кусите приказни на Инстаграм објави фотографија на која седи на подот од заглавен лифт и чека да биде одглавена. За несреќа, немаше никој да и прави друштво во самотијата, а пак за среќа не е од оние клаустрофобични, па изгубеното време реши да го надополни со правење „селфи“ и пополнување на својот профил на Инсграм.

-Некој глави на работа, некој во лифт. Бидете позитивни, напиша Лоба во описот на фотографијата на која доколку не прочитате што сака авторот да каже, тешко би забележале дека Лоба е заглавена во лифт и има проблем.

Епа, секоја чест!

To top