Српската пејачка Драгана Мирковиќ заедно со своето семејство веќе со години живее во Виена.
Таму живее во огромна вила, но има и дворец во кој планира наскоро да се пресели.
Меѓутоа, пејачката никогаш не го заборава својот роден крај, па секогаш кога има прилика оди во Касидол каде што има убав, дом.
Драгана го реновирала домот на своите родители, а нивната куќа важи за една од најубавите во нивното село.
Родителите на Мирковиќ не сакале да зборуваат со новинарите, но соседите имале пофални зборови за пејачката.
„Нашето “луче“ ако нема обврски во Пожаревац, секога е тука во нејзиниот Касидол. Зборува нормално, како јас со вас. Многу е љубезна. Ќе дојде со автомобил ќе купи што треба и си заминува. Често го посетува семејството, кога ќе дојде во Србија кај нас купува подароци, пијалоци и останато што и треба. Супер е, јас немам ништо лошо да кажам за неа. Често ни остава и бакшиш. Кога сите пејачки би биле како неа, а не да се срамуваат од каде потекнуваат“, вели продавачката во селската продавница.
фото: принтскрин/пинк