Драгана Мирковиќ беше гост во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ.
Пејачката и водителот играа игра „Вистина или лага“. Концептот е едноставен, едниот треба да изнесе некој детаљ за себе, а другиот да погоди дали е вистина или лага. Доколку даде погрешен одговор, тогаш ги „дрма“ струја.
Во текот на играта, Драгана Мирковиќ му постави прашање на Амиџиќ, но алудираше на нејзината колешка Светлана Цеца Ражантовиќ кој на една прослава дојде со авион кој го испрати еден државен службеник.
„Еден државен службеник испрати по мене хеликоптер за да му отпејам роденденска песна?“, праша Драгана во емисијата.
„Вистина“, одговори Амиџиќ.
Меѓутоа, одговорот не беше точен.
„Не бре, ме помаша со некој“ викаше Драгана во емисијата, а на водителот му пуштија да го „дрма“ струја.
За потсетување, пред неколку години медиумите пишуваа за свадбата на Милорад Додик како и за пејачите кои присуствуваа на забавата. Како што пишува блиц.рс наводно домаќините испратиле авион за да Цеца на поедноставен начин пристигне на церемонијата.
Како што пишуваа медиумите, Ражнатовиќ не наплатила за овој настап.
фото: принтскрин/јутуб