Популарната пејачка Драгана Мирковиќ во време на изолација во нејзиниот дом во Виена се потсети на своите покојни колеги, односно пејачи и еден српски актер.
Драгана објави фотографија со Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика на која и двајцата се насмеани.
Мирковиќ исто така објави и фотографија со и Синан Сакиќ, Тоше Проески, како и починатиот српски актер Милорад Мандиќ.
„Боже, колку ми недостигаат овие луѓе – Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ, Манда, Тоше“, напиша пејачката во описот на фотографијата.
Многубројни колеги оставија коментари под објавата, а меѓу нив Дара Бубамара, Жељко Самараџиќ, Ана Севиќ.
Манде почина на 15 јуни 2016 година кога во текот на претстава се сруши на сцена. Синан почина на 1 јуни 2018 година по борбата со опасната болест.
Шабан почина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија, а Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година во сообраќајка на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.