Радио Милева раскошни новогодишни украси

Драгана Мирковиќ се пофали со новогодишно украсениот дом: Сè е како од бајка, а елката е нереална (фото)

Драгана Мирковиќ се пофали со новогодишно украсениот дом: Сè е како од бајка, а елката е нереална (фото)

Пејачката Драгана Мирковиќ е позната по раскошните новогодишни украси.

Мирковиќ ја искористи приликата на својот Инстаграм на сите да им ги честита претстојните празници, а покажа и дел од својот луксузен дом.

Драгана позираше пред богато накитена елка, но покажа и како го украсила остатокот од домот.

На портата на замокот во Австрија, каде славната пејачка направи гнездо со Тони Бијелиќ, веќе е закачен божиќниот венец.

Веднаш на влезот почнува новогодишниот аранжман со свеќи, а џуџестите четинари се украсени со црвени панделки.

Мирковиќ очигледно не штедела пари кога е во прашање новогодишното украсување, а познато е дека нејзиниот дом важи за еден од најлуксузните во околината. Така пејачката позираше пред огромна елка со бели украси, а внимание привлече и совршениот фустан што го избрала Драгана,  целиот од кадифе, а кој е полн погодок за оваа празнична сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Драгана еднаш за замокот рече дека не знае точно колку соби има. Нејзиниот план е првиот кат да го претвори во музеј и да го отвори, како посебно катче на старата култура и уметност, за посета – првенствено за  училишните деца.

Пејачката засега само повремено открива некои детали од дома, но  сега, пред празнично не можеше да одолее и да ги покаже новогодишните и божиќните украси.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Драгана Мирковиќ

To top