Радио Милева

Драгана Мирковиќ распали: „Подобро да не почнам да зборувам за колегите!“

Драгана Мирковиќ распали: „Подобро да не почнам да зборувам за колегите!“

Драгана Мирковиќ со години градеше кариера благодарение на своите песни и хитови.

Може да се пофали дека досега се нема скарано со ниту еден колега.

Меѓутоа, постојат и оние кои и завидуваат на кариерата и кои се обиделе да и нанесат штета.

Мирковиќ беше гостинка во емисијата „Гламур“ каде што истакна дека некои луѓе ја повредиле, а но како човек им простила.

фото: принтскрин

„Луѓето кои работат кај мене знаат дека сакам максимално да бидат испочитувани моите колеги. Ако на некого му сметам, тоа сигурно не е до мене. Секогаш се преиспитувам дали некаде сум погрешила, никогаш не ми е проблем да се извинам. Би сакала јас повеќе да грешам,  а не другите. Многу ме боли што некој не се однесува кон мене како што мислам дека треба. Едвај чекам да се повлечам и на никој да не сметам, изјави Драгана во Гламур и додава:

фото: принтскрин

„Јас сум личност која молчи, чека и дочека луѓето да сфатат дека не биле фер кон мене. Тоа молчење е болно. Но, немам проблем.Ќе биде поголем проблем ако почна да зборувам.  Не сакам да ми се случи да почнам да зборувам, бидејќи ќе почнам да зборувам за лоши работи, вели газдарцата на ДМ САТ.

To top