Пејачката Драгана Мирковиќ ретко зборува за приватноста и колегите, но овој пат одлучи да каже некои вистини. Таа вели дека постојат личности кои и нанеле зло, но се труди да ги игнорира.
-Секако дека постојат луѓе кои ме разочарале, но се трудам да ги заборавам и да не размислувам за тоа. Би било штета мојата позитивност и потреба за убави нешта да ја уништат одредени поединци, вели Драгана.
Кога се појавува во јавност секогаш е насмеана, но ретко кој знаел дека има доста проблеми. По свој пример покажа дека во животот ништо не е така како што изгледа.
-Мене тоа ме чинеше што си направив проблем со штитната жлезда, а тоа е затоа што молчев. Се уште не посакувам ништо лошо, но навистина знае да биде болно и кога кнедлата ви стои во грлото и кога сакате да проговорите, а не си го давате тоа на себе, знаете но молчите, вели пејачката во емисијата „Премиера“.