Радио Милева

Драгана Мирковиќ откри детали од пријателството со Жан Клод Ван Дам

Драгана Мирковиќ откри детали од пријателството со Жан Клод Ван Дам

Минатата недела Драгана Мирковиќ го организираше традиционалното снимање на новогодишната програма на својата ДМ сат телевизија и во таа прилика откри многу детали од својот живот. Сите ги изненади нејзиното дружење со познатиот актер Жан-Клод ван Дам, а за тоа колку се блиски таа вели:

-Ја имам таа среќа да се среќавам со големи и познати личности. За многумина од нив со кои сум се видела, не знаете бидејќи не пропагирав и не објавував фотографии. Со Жан Клод навистина се дружиме јас и Тони. Да не објавеше тој, јас тоа не би го направила, тој објавил секаде. Мене ми беше непријатно колку тој ме крена во небото.

 

View this post on Instagram

 

Time for friends ??? #party #great #mood ?

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) on

Дали ги знае вашите песни?, прашаа новинарите на српски Hello.rs

Ги знае, омилена му е „Једини“. Уште кога слушна дека е посветена на Тони, дури тогаш му стана омилена.

Дали планирате да го донесете во Србија?

-Да. Тој сега снима некои нови филмови. Се дружевме месец дена интензивно, тој секогаш знае да дојде до Виена поради Тони и мене. Повторно ќе дојде. Не би го довела тука, онака, туку кога човекот кога ќе дојде да го испочитуваме како што треба, да ја доживее Србија на вистински начин.

Не успеавте да отидете на роденденот на Жан Клод, но вашиот сопруг Тони отиде. Како си помина?

-Мојот Тони беше на роденденската забава во Кан. Јас не можев бидејќи имав турнеја во Америка. Ги запознал сите негови соработници и пријатели. Ван Дам сакал- не сакал, има визија за мене како да сум јас некоја светска ѕвезда. Тони беше пресреќен што сите му ја фалат сопругата. Ван Дам рече дека не сретнал човек кој толку многу зборува за својата сакана, се пофали Драгана Мирковиќ.

 

To top