Пејачката Драгана Мирковиќ за Нова година настапуваше на Златибор, а за време на настапот на пејачката и се слошило и завршила во болница, пишуваат српските меидуми.
Како што пишуваат медиумите, пејачката го прекинала концертот, била на инфузија, па потоа продолжила со настапот.
-Точно е дека на Драгана и беше лошо, примаше инфузија, па успешно го заврши вториот блок. Сега се чувствува добро, изјавија од ПР службата на Драгана.
Инаку, Мирковиќ за реприза на новогодишната ноќ пееше во Чуприја и ги сруши сите рекорди.
фото: Дамир Дервишагиќ/инстаграм/драгана мирковиќ