Радио Милева искрена

Драгана Мирковиќ ги откри своите главни особини: Пејачката живее во злато, а еве што ја прави среќна (фото)

Драгана Мирковиќ ги откри своите главни особини: Пејачката живее во злато, а еве што ја прави среќна (фото)

Пејачката Драгана Мирковиќ во натпреварувачката емисија „Рамо до рамо со Драгана“ проговори за својот карактер и за тоа што ја прави среќна како личност.

– Најмногу ми се допаѓа кај мојот карактер тоа што сум многу стабилна личност, што стојам цврсто на земја, што не очекувам ништо посебно, што давам се од себе, што сум презадоволна од ситници, а потоа кога се случува нешто многу големо, многу сум среќна. А кога сето тоа ќе се собере, бидејќи сакам ситници и тие ме прават среќна, можам за себе да кажам дека сум среќен човек, бидејќи не е тешко да се биде среќен кога малку се очекува – убедена е пејачката.

Драгана во рамките на натпреварувачкото шоу „Рамо до рамо со Драгана“ ги отвори и вратите на својот замок во Ебенфурт.

Една од најголемите балкански ѕвезди, пред две децении,  го купи овој објект заедно со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ, и со години инвестираа во враќањето од урната состојба во првобитната состојба.

Величествениот замок Ебенфурт во Виена вреди цело богатство, а пејачката со голема љубов и внимание се погрижила за секој детал. Сè зрачи со сув луксуз, внимавала на секој детал. Кристални лустери, позлатени огледала на секој чекор, уметнички слики, а без музика не може, па има и неколку клавири.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Драгана Мирковиќ

To top