Во саботната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Драгана Костова од Струмица.
Драгана настапуваше во дуел со Лазар Михајловиќ.
Македонската кандидатка се претстави со песните „Тако лако“ и „Сречо реци“. На крајот резултатот од дуелот беше 6:6 односно по шест гласа за кандидатите.
Жирито прегласуваше, па така Драгана освои повеќе гласа и се пласираше директно во четврти круг.
Драган Стојковиќ Босанац кој поради оправдани причини не беше во студиото, преку телефонски повик истакна дека е незадоволен.
-Навистина не е фер, но ајде….изјави Босанац, а Вики Миљковиќ додаде:
-Jас кога бев отсутна го исфрливте мојот кандидат.
Цеца Ражнатовиќ имаше пофални зборови за младата струмичанка.
-Ова девојче има само 16 години и се потруди да остави впечаток на нас, и дадов преоритет бидејќи има само 16 години и е на почеток на нешто убаво што се вика музика, изјави Ражнатовиќ.
-Ова девојче е преталентирано и те чека блескава кариера, изјави Снежана Ѓуришиќ.
-Ова е фаза во натпреварувањето во која не ме интеренсира кој колку години има, јас зборувам во мое лично име, тоа што имаш 16 години, воопшто не те оправдува. Имаш неверојатна способност и неверојатен слух. Секоја ти чест, изјави Ѓорѓе Давид.
-По мое мислење, Драгана беше помоќна, имаш помоќен глас и покрај твоите години, објасни Вики Миљковиќ.
Марија Шерифовиќ е ментор на Македонката и истакна дека е задоволна од нејзиното пеење.
-Јас сум задоволна, браво Драгана. Девојчето страшно пее. Вечерва пееше 50, 60% од тоа како пее на пробите, браво дете, секоја чест, одиме понатаму, изјави менторката.
Како Марија и Драгана ќе се пoдготват за во следниот круг, останува да видиме.
Нејзиниот настап може да го видите во видоето подолу на 22:05.
фото: Z. K. Munja/Luka/Elena/инстаграм/draganakostovaa/принтскрин/јутуб/звезде гранда