Голем број познати личности седнаа да се возат во градски автобус низ Скопје во емисијата „Возење со Вучиќ“, а наспроти Драган на автобуското седиште досега седеа од водители и пејачи, до спортисти и композитори…
Но, овој пат редот му дојде на Драган за тој да застане од другата страна како соговорник во интервју за ТВ магазинот „Ексклузив“. Темата на која најмногу говореше Вучиќ беше љубовта и долгогодишниот брак со радиоспикерката Весна, а меѓу другото откри и мал детаљ од приватноста на неговиот син Мартин Вучиќ кој изминатото лето се ожени со својата избраничка Сања.
Новинарката не го заобиколи прашањето за бракот на неговиот син, а Драган имаше кус одговор за синот и снаата, но алудираше на тоа дека младите генерално чекаат да помине многу време додека се решат на брак.
Тие беа заедно пет години и нормално беше да се земат. Тие се еден многу убав пар. Меѓутоа за младите сега, нека не ми забележат, некако се дистанцираат едни од други. Збориме и од машки и од женски. Тие се во свој филм, овие во свој филм, вели Вучиќ за „Ексклузив“.
фото:инсатграм/драган вучиќ
За потсетување, Драган и неговата сопруга Весна станаа свекор и свекрва во месец јуни 2018 година. Нивниот син – единец, музичарот и актуелен директор на Националната установа за народни игри и песни „Танец, Мартин Вучиќ, направи гламурозна свадба со својата сакана Сања во ресторанот „Ла Тана за свадби“ во Скопје.
Мартин пред петнаесетина години го отпеа хитот „Рано е да се врзам“ кој потоа стана еден вид на химна на момчињата кои не брзаат да стапат во брак или сериозна врска. Мартин кој никогаш не зборува јавно за својот приватен живот, за свадбата направи преседан и тогаш изјави:
‘Рано ми е да се врзам’ отиде во историјата, бидејќи јас веќе поодамна се врзав со љубов“.