Драган Којиќ Кеба годинава слави 30 години кариера, а по тој повод тој ќе одржи концерт во Сава Центар.
Во интервју за српскиот портал „Курир“, Кеба откри дека отсекогаш сакал да има настап во оваа преубава сала.
„Се сеќавам кога е изграден Сава Центар и до ден денес ми остана неисполнета желбата која ќе си ја исполнам на 4 декември. Тоа е преубав амбиент и има посебна магија“, вели Кеба.
Пејачот прозбори во какви односи е со неговата снаа, хрватската пејачка Северина.
„Откако се омажи за Игор, ја доживувам како член на семејството. Ја гледам како ќерка, како својата Наташа. Интересно е што за Северина не знаев ништо до пред три години. Слушнав за нејзиното име и песната „Ја само пјевам“. Сега таа песна често ја изведувам, а и таа ги знае сите мои песни“, вели Кеба.
Кеба прозбори за и приновата и за внучето.
„Сигурен сум дека Северина и Игор ќе добијат заеднички син, а нејзиниот син го прифативме како свој. Јас ќе му велам: јас сум твој лажен дедо. Ми се допаѓа тоа „лажен дедо“, иако ме сака како вистински“, вели Кеба.
За потсетување, неодамна снаата на Кеба беше во центарот на скандалите поради фотографиите на кои наводно е таа и е гола.