Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ е во брак повеќе од 25 години со сопругата Маја, со која има две деца.
Маја, поранешна манекенка, со децении е голема поддршка на Бјела, но не се знае многу за нивниот брак.
Актерот сега ги изненади сите кога на Инстаграм објави фотографија од својата сакана.
View this post on Instagram
Имено, парот отпатувал во потоплите краишта, а Драган со своите следбеници ја споделил фотографијата на Маја од плажа на која се гледа нејзината силуета.
Инаку, Маја никого не остава рамнодушен со својата убавина, а многумина ја споредуваат со Моника Белучи.
Сопругата на Драган Бјелогрлиќ студирала англиски јазик и книжевност, а на манекенската кариера ставила точка штом му кажала „да“ на познатиот актер и режисер.
Интересно е што таа се запознала со Бјела благодарение на нејзината тогашна работа. Двајцата се запознале на почетокот на деведесеттите додека снимале реклама за мебел, а се венчале во 1996 година.
Бјелогрлиќ еднаш јавно истакна колку му значи неговата сопруга:
– Навистина, најгорд сум што во оваа моја тешка работа успеав да го спасам семејството, што сум во брак 25 години, што имам две прекрасни деца и прекрасна сопруга. Така што мојот најголем успех е мојата сопруга – рече тој.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес