Радио Милева
една желба, многу недоумици?

„Драга 2023-та, те молам без лажни луѓе“: Антониа Гиговска си даде ветување дека годинава внимателно ќе го одбира нејзиното опкружување (ФОТО)

„Драга 2023-та, те молам без лажни луѓе“: Антониа Гиговска си даде ветување дека годинава внимателно ќе го одбира нејзиното опкружување (ФОТО)

Младата македонската поп пејачка Антониа Гиговска во годината што замина беше полна со енергија и постојано нешто правеше и на приватен и работен план. Таа доста беше застапена во медиумите и на социјалните мрежи, па јавноста лесно  дознаваше за нејзината кариера која се движи во нагорна линија, но и за сето она што и се случуваше во нејзиниот бурен приватен живот.

Но, очигледно, не било се’ така розово и не била баш максимално задоволна, па затоа во новата година пејачката си посака и ја замоли да има покрај неа само вистински пријатели.

Антониа одлучи дека со стартот на Новата ќе промени некои работи во нејзиниот живот и внимателно ќе го одбира нејзиното опкружување.

„Драга 2023 без лажни луѓе“  – гласи објавата на Гиговска која се согласи со овој статус и го сподели на нејзиниот Инстаграм профил.

Таа  си посака вистински пријатели кои нема да бидат љубоморни на нејзиниот успех, туку заедно ќе се радуваат како да е нивни личен, или можеби некои кои ќе ја поттикнат да работи на остварување на нејзините цели и ќе и помогнат во остварување на нејзините соништа.

Антониа во старата година стави точка на нејзината љубовна приказна со вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, но во желбата што си ја посака не објасни дали можеби кога мислеше на лажните луѓе, во нив го вклучува и нејзиното поранешното момче? Дали со оваа објава си го посака за себе вистинскиот или само да внимава во нејзина близина да не ја кочат „фејк“ луѓе кои ќе и глумат пријатели?

Талентираната пејачка сега целосно е насочена кон музиката која е нејзината главна преокупација, но луѓето кои се покрај неа се важен дел за да ја оствари целта и успехот да биде загарантиран.

Фото: Принтскрин Инстаграм/antoniagigovskaa

Останати вести од Радио Милева