Двајцата врвни македонски лекари – специјалисти, веројатно најдобрите во своите области во државата. Др.Методи Чепреганов – специјалист по невропсихијатрија и епилептологија и Др. Миодраг Врчаковски, специјалист по неврорадиологија. Познати и признати по својата работа, резултати, трудови и остварувања во медицината и нејзините субспецијалистички гранки, но и по нешто друго, што обајцата ги врзува. Со години, нивната втора љубов е музиката.
Едниот страсен гитарист, кому џезот и латино музиката му се во прстите, па несомнено да не се определел за својата лекарска професија. Др. Чепреганов денес би бил македонска гитарска, а не лекарска легенда.
Другиот некогашен диџеј, дискофил, автор на радио-емисии и радиоводите и еминентен текстописец. За неговата „Соул рели“ и денес се говори, а текстовите за некои од најубавите македонски шлагери, забавни ноти или поп песни ги напишал токму тој – Др. Врчаковски.
Патем автор и организатор на манифестацијата која остана историја – „Докторите пејат“ и татко на еден од основоположниците на македонскиот рап – Раде Врчаковски – Врчак!
Она што овие двајца емминентни доктори од неодамна ги поврзува со уште еден денешен актуелен и популарен „ар- ен – би и рап“ изведувач не е само музиката. Андреј Георгиевски или Андреј-ДНК, е секако актуелан музичка ѕвезда, но што бара тој во друштво на двајцата познати лекари? Соработка – да, ама не е музичка! Не барем засега!
Но, затоа пак, тие тројца станаа и службено „колеги“ во иста фирма, во случајов една еминентна скопска приватна болничка установа каде двајцата доктори работат, а Андреј им се приклучи однеодамна. Но не во областа на медицината, туку како одговорен за маркетин гсекторот во болницата!
За двајцата врвни специјалисти оддамна е се’ познато и во медицината и во музиката, а како ќе му оди на Андреј-ДНК во новата професија, ќе видиме допрва! Конечно ниту музичката соработка на тројцата кои ги врзува истата страст – музиката, не е исклучена!
Др. Чепреганов знае да свири гитарски делници и во ар-ен-би, а др. Врчаковски оддмна пишувал и текстови какви што пеат двајцата рапери… Како на пример, „Стамбол сосе Бардовци“ за „Куку – Леле“, па тогаш во некоја згодна прилика тројцата што не би се интегрирале?
Засега останува секој на својата професија и негување на втората љубов или страста кон музиката. За новото работно место Андреј-ДНК, се пофали со заедничка фотографија со двете докторски легенди, под која сподели:
„Тоа што не поврзува со овие исклучително посебни луѓе кои се врвни во својата сфера, едниот специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, а другиот специјалист по неврорадиологија е љубовта кон музиката. Едниот е страсен гитарист, а другиот диџеј и еминентен текстописец. Др.Методи Чепреганов и Др.Миодраг Врчаковски. Уште една работа што ме поврзува со овие луѓе е тоа што од денес сме колеги во болничката установа, но не во областа на медицината туку како одговорен за маркетинг секторот во болницата“!
Фото: Јутјуб/Фејсбук/Инстаграм принтскрин