Промотер

Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО)

Дознајте зошто Стојне Николова е неостварен сон на секој – „Камионџија“ (ВИДЕО)

Камионџии… Луѓе на кои куќата им е патувачка, домот им е на тркала, животот по патиштата, каде минуваат илјадници километри по разни друмови, преку мноштво граници, од дома до нивните одредници и назад… Најчесто радиото и музиката им се најверни другари во шоферските кабини, па не случајно камионџиите и убавата песна се како „брат и сестра“!

Некои камионџии кај нас песната дури ги направи славни, познати, дотаму  што стигнаа и до естрадните височини, како камионџијата Андруш, на пример. Некои други пак ѕвезди од зад воланот станаа преку социјалните мрежи како Дарко Влогс, ама до сега се чини камионџиите и оние познатите и оние непознатите немаа своја песна по која ќе ги препознаваат.

За да не биде тоа така, се погрижија атрактивната струмичка фолкерка Стојне Николова заедно со Манчи и нејзината авторска екипа, како и многубројните гости на проект-песната „Камионџија“ која на прва влегува во уво и има претензии да стане македонска камионџиска фолк химна.

„Душава на нафта мириса, само една имам утеха, да си седнам в ладна меана… Зашто лек за камионџии се убавите млади пејачки“ – како што велат испеаните стихови во песната, во чие видео  зад воланот во камионџиската кабина се многу познати ликови.

Од авторот на песната Бобан Мојсовски – Мојсо, преку Тони-Биоритам, Дарко- Влогс…. и останатите кои маестрално си ги одиграле своите улоги во спотот, вклучувајќи го и пејачкиот тандем Стојне и Манчи.

Вистинска „ол стар екипа“ од познати лица меѓу кои и оркестарот Џамбо – Агушеви, кои кафеанската атмосфера ја доведуваат до лудило, а Стојне Николова блеска во сиот свој сјај… Можеби најдобро до сега.

Една нова, поинаква Стојне која не случајно претендира да стане „неостварен сон“ за камионџии… И не само за нив, што седат зад воланот во возачките кабини, туку и за сите останати љубители на убавите пејачки во фолк музиката.

Како и да е „Камионџија“ не е само камионџиска фолк химна во перспектива, туку вистинска кафеанска песна за забава, дружба и веселба за сите, потенцијален хит кој од прва влегува во уво, а долго ќе се пее и слуша.

Екипата која работела на аудиото и видеото во проектот е обемна и ја сочинуваат:

На музички план, музика и аранжман: Бобан Мојсовски, текст: Сашо Нојкиќ, микс и мaстер: ХЛ Студио Момировски, орекстар: Џамбо Агушеви, хармоника: Мишел Трајковски.

Видео продукцијата и монтажата ја работел Даниел Јовески,  режијата е на Бобан Мојсовски, а во актерскиот тим се: Антонио Климоски Дарко Влогс Игор Додевски Даниел Божиновски Бобан Мојсовски Бојан Кузманоски Дадо Баровец Гоце Пејковски Иле Моша Сара Мирчевска Ивона Каљкова.

Моден стилист била Викторија Бурсаќ, за шминката и фризурата се погрижил стилистот Даниел Николовски.

Како изгледа сонот на секој камионџија проследете од песната и спотот за „Камионџии“ од видото во продолжение кое ќе ве насмее, расположи и развесели (КЛИКНИ ТУКА): 

To top