Радио Милева ѕвезда од мала

Мајката на Пријовиќ призна кога првпат помислила дека Александра ќе биде ѕвезда, а еве што изјави за Лепа Брена (фото) 

Мајката на Пријовиќ призна кога првпат помислила дека Александра ќе биде ѕвезда, а еве што изјави за Лепа Брена (фото) 

Борка Михајловиќ, мајката на Александра Пријовиќ, која го освои целиот регион, призна кога првпат помислила дека Александра ќе биде ѕвезда, што мисли и за што не ја поддржува нејзината ќерка и која е причината што меѓу другото, младата пејачка ја цени и почитува Лепа Брена.

Таа разговорот го започнала со сумирање на концертите во Белград, каде Александра пееше три вечери по ред.

– Беше прекрасно, многу емотивно за мене како мајка. Се враќа филмот од самото нејзино раѓање, до таа фаза каде што стои, и се враќаат сите тешки моменти што ги поминавме… Се беше таму, но еве, таму каде што е, и секако треба да биде емотивно, а солзите доаѓаат од среќа.

–   Триумф е да се има толку прекрасно дете. Така да воспитувам девојче… Всушност, таа е секогаш мое девојче, а сега е возрасна жена. Како родител најмногу се гордеам со нејзиниот карактер и воспитување што многу ме радува, а покрај сето тоа секако и нејзиниот успех.

А на прашањето во кој момент сватила дека на Александра и е предодреден голем успех таа одговорила:

-Тоа беше моментот кога ми ја донесоа во породилиште, кога ја видов. Едноставно, не знам како да го опишам… Кога ja зедов во раце, знаев. Првите зборови што ги кажав кога ја зедов во раце беа: „Ја родив мојата ѕвезда“. Тоа беше првиот збор што го кажав кога го видов моето дете. Значи, таа за мене е ѕвезда уште од раѓање.

А на тоа дали реакцијата на луѓето е исто по успехот на Александра таа одговорила:

-Нека пукнат, тоа е нивен проблем. Ние немаме такви проблеми. Важно е да е среќна, здрава, кариерата да и оди добро и семејството да е заедно. Сите сме тука, сите се држиме заедно и никој ништо не ни може кога сме заедно. Се гледаме на сите концерти. Таа рече дека не сака да оди на турнеја без нејзиното семејство. Сè уште бевте вака блиски, но се чини дека оваа турнеја уште повеќе ве зближи? – Таа не зближи секако, но сите се зближивме на самиот почеток, така што сите се согласуваме и го гледаме успехот на Александра и тоа не радува. Тука е и  Брена која е во тој бизнис, поискусна е со медиумите и сето тоа, па ја советува. Александра за тоа многу ја цени и почитува.

 

Фото: Принтскрин/Антонио Ахел

To top