Радио Милева Нека трепка

Домот на Симона Поповска секоја Нова Година има нова декорација: Овој пат е префинето, богато и неодоливо за око (фото)

Домот на Симона Поповска секоја Нова Година има нова декорација: Овој пат е префинето, богато и неодоливо за око (фото)

Со доаѓањето на месец декември, на социјалните мрежи се повеќе може да ги видиме новогодишни декорации кои дури и само што светкаат ни носат некоја позитивна енергија, верба и надеж за поубаво утре.

Со доаѓањето на празничните денови од крајот на годината која изминува, се почесто можеме да ѕирнеме во домот на познатите, а овој пат меѓу оние кои дозволија да видиме дел од домот и новогодишниот амбинет во него, е и пејачката и докторка Симона Поповска.

Симона секоја година за своите следбеници на социјалните мрежи открива каква е нејзината магија во домот и колку се потрудила за истата. Од приложеното може да се види дека ако минатата година се одлучи за монохроматика од која украсите најмногу беа бели, годинава елеката ја накити со сини, бели и лампиони во боја на бакар.

Од објавата таа фокусираше на прекрасно накитената елка која изгледа магично.

Симона и нејзиниот сопруг Крис, оваа 2023 ќе ја дочекаат како родители на две синчиња, побогати со уште еден член кој го добија пред неколку месеци.

Нема сомнеж дека новогодишните елки во нашите домови придонесуваат за позитивна енергија која и тоа како ни е потребна на сите.

Нека свети од убаво!

фото:Инстаграм/Симона Поповска

To top