Радио Милева
вила од бајките

Домот на Карлеуша вреди цело богатство: Луксузна вила со два базена, пет купатила и посебна соба за Јелена (ФОТО)

Домот на  Карлеуша вреди цело богатство: Луксузна вила со два базена, пет купатила и посебна соба за Јелена (ФОТО)

Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ може да ја понесе титулата за најубав дом во регионот, доколку имаше такво натпреварување. Меѓутоа, тие двајца не се фалат со нештата што ги поседуваат, туку живеат како остатокот од светот, а пејачката често се фотографира во внатрешноста на вилата во која живее, за која велат дека вреди цело богатство.

Карлеуша живее како познати холивудски личности и кога станува збор за нејзиниот и домот на Душко, парите очигледно не биле проблем да се украси вилата токму според нивниот вкус и стил, како и желбите на нивните ќерки – Атина и Ника.

Домот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е всушност величествена вила вредна два и пол милиони евра, пренесуваат локалните медиуми. Фудбалерот ја купи оваа луксузна зграда во 2018 година, а таа му припаѓаше на сега актуелниот селектор на српската фудбалска репрезентација, некогашниот фудбалски ас, Драган Стојковиќ – Пикси.

Луксузниот имот, како што се пишува, има два (надворешен и внатрешен) базени, две гаражи, како и огромен двор опкружен со високи sидови.

Вилата е обезбедена со безброј безбедносни видео камери, кои ја чуваат безбедноста и приватноста на семејството. Врз основа на фотографиите што дивата ги објавува на „Инстаграм“, евидентно е дека куќата има пет бањи луксузно украсени во најелегантен стил, исто како што остатокот од собите зрачат со гламур.

Омиленото катче на Јелена Карелуша секако е нејзиниот гардеробер, кој  е соба  полна  парчиња со потписи на светски дизајнери, вредни вистинско богатство. Освен гардеробата, најголемо внимание привлекува луксузното бело пијано, кое се наоѓа на терасата и го крева целиот амбиент на повисоко ниво.

Модерниот стил е најјасната карактеристика на оваа луксузна вилаа, а боите, дезените и деталите варираат од соба до соба.

Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar

 

Останати вести од Радио Милева