При крај е новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Некои од македонските кандидати успеа да се изборат до самото полуфинале и да се борат за пласман во финале.
Еден од нив е Огнен Здравкоски кој е под менторство на Марија Шерифовиќ.
Тој на социјалните мрежи се пофали за својот успех во музичкото шоу и откри дека успеал да помине во полуфинале.
Меѓутоа, на сцената на „Гранд“, Огнен не се појави сам туку му се придружи македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која свиреше на виолончело.
Имено, Дапчевиќ пред некое време по 15 години повторно започна да свири на виолончело и тоа ја отсвири евровизиската „Proud“.
Македонската пејачка сега му се придружи на кандидатот во музичкото шоу и доминираа на сцената на Гранд.
„Повторно свирев. Сега некако не сакам да го пуштам виолончелото од раце. Ти благодарам Шерифовиќ што ми се јави да го „обојам“ настапот на Огнен“ напиша Тијана.
Овој настап ќе имаме прилика да го гледаме следната сабота.