Радио Милева Како на големите ѕвезди

Домашен моден рај како од филм: Ѕирнете во плакарот на Аделина Тахири (фото)

Домашен моден рај како од филм: Ѕирнете во плакарот на Аделина Тахири (фото)

Кога сте јавна личност, неизбежно е вашиот гардеробер да е преполн со разни модни парчиња облека, некои кои одговараат за на сцената и пред камерите, а други пак за оној живот кога ќе се исклучат рефлекторите.

Припадничките на понежниот пол особено се радуваат на нови парчиња облека, обувки, накит, разни аксесоари, а кога целото тоа женско богатство е средено во еден совршен плакар, тогаш задоволството е уште поголемо.

Модно богатство од фустани, здолништа, панталони, чанти, високи потпетици… се сместени во одгомниот плакар од отворен тип на пејачката Аделина Тахири, па секое парче се гледа на полиците.

Аделина важи за една од најдобро стилизираните јавни личности, па овој нејзин домашен моден рај кој го покажа на социјалните мрежи на некој начин беше очекуван.

фото:аделина тахити/инстаграм принтскрин

Таа позираше во срцна зимска комбинација, седната пред нејзиното модно богатство, а коментарите очекувано се редеа.

На ТВ водителката Ирена Спировска и се допадна она што го гледа, но и изгледот на Аделина, па не пропушти да и напише „Убавица“.

To top