Радио Милева

Доли Партон е во брак 54 години, а со сопругот никогаш не се појавува во јавност – еве зошто

Доли Партон е во брак 54 години, а со сопругот никогаш не се појавува во јавност – еве зошто
фото: принтскрин/јутуб/Queen Latifah

Пејачката и актерка Доли Партон (74) и нејзиниот сопруг Карл Томас Дин (78) се во брак 54 години, а во текот на целата своја кариера, никогаш не се појавила со него во јавност.

Имено, легендарната Доли од 1996 година е заљубена во еден маж, но луѓето сè уште се прашуваат дали нејзиниот сопруг постои.

Таа во своите интервјуа откриваше зошто не се појавувале заедно.

– Многумина со години мислат дека ја измислив приказната со сопругот бидејќи тој никогаш не сакаше да се појави пред рефлекторите. Тој е таков, резервиран е и претпоставуваше дека нема да има мир ако се експонира во јавност.

фото: profimedia/abc/backgrid/backgriduk

Таа откри дека тоа навистина им помогнало во бракот и затоа и денес имаат фантастична врска.

– Секогаш ја почитував неговата одлука. Во една прилика тој ми рече дека јас го одбрав тој свет, но тој ме избра мене и дека можеме да го држиме бракот подалеку од медиумите. Ние сме заедно 56 години, а во брак сме 54 години – изјави Доли во интервју за странски медиуми.

Останати вести од Радио Милева