Откако заедно со Саша Поповиќ го основа Гранд и доживеа неверојатен успех, Жика Јакшиќ стана еден од најпосакуваните луѓе од естрадата.
Ако се земат предвид истражувањата дека моќта и богатството се најголемите афродизијаци, не може да се обвинат припадничките на понежниот пол што сакаат постојано да бидат во друштво на Жика, а некои од нив дури и успеале да останат таму долго време.
View this post on Instagram
Дајана Пауновиќ е една од оние кои наседнаа на водителскиот шарм. Атрактивната русокоса го направи емотивниот живот на Жика Јакшиќ уште поинтересен и побогат, по венчавката му го даде синот Душан, за жал, како и првиот брак на Јакшиќ, вториот заврши неславно, а причината за тоа беше непозната за медиумите за долго време.
View this post on Instagram
Неуспехот на Жика кога се во прашање браковите, претходно му се припишуваше на се уште ергенскиот начин на живот на водителот, вечерните излегувања, отсуството од дома, но очигледно нешто друго се играше за што тој самиот неодамна се изрази.
Имено, емотивниот живот на Жика Јакшиќ, неговите подеми и падови, станаа малку појасни за јавноста и медиумите по неговото објавување на „Инстаграм“, поточно фотографијата на која има список на обврски на „добрите и послушните“ жени од 1955 година. Меѓу другото, на списокот се најде и дека жената мора да знае каде припаѓа, а очигледно е дека и двете негови сопруги разбрале дека тоа е далеку од Жика.
Се верува дека Жика само се шегувал со оваа објава, впрочем во тоа се сигурни сите дами кон кои покажал почит, но следеле критики на сметка на водителот и неговите ставови.
фото:Инстаграм/Жика Јакшиќ/Дајана Пауновиќ