Лепа Брена заедно со својот сопруг Боба Живојиновиќ веќе подолго време ужива надвор од Србија, со јахта обиколувајќи егзотични дестинации, па од Монако се упати во Франција.
Музичката ѕвезда на социјалните мрежи се огласуваше и објавуваше фотографии со кои покажа како го поминува времето
Но, овој пат, српската пејачка ги почести фановите со фотографија во бикини.
View this post on Instagram
Брена и Боба уживаа среде Франција, а на една од последните објави фолк пејачката позира во црн дводелен костим за капење. Брена го покажа само горниот дел од телото, односно ги истакна нејзините горни атрубити – градите.
Инаку, познато е дека Брена редовно тренира, вежба јога и внимава на исхраната, па не ни чудно што со текот на годините не се менува и изгледа витко.
Оваа година во октомври Лепа Брена ќе наполни 60 години.