„Тома“ филмот за кафеанската пејачка легенда Тоама Здравковиќ кој ги урива сите балкански рекорди на гледаност предизвика огромен интерес во јавностам враќајќи ја не само приказната за најголемиот кафеански боем во бившата државам, туку го отслика и начинот на живот во златните времиња на Југославија.
Полн со емоции, лични трагедии, животни и професионални растежи и падови, љубов, тага, неизвесност, живот од дното до врвот и назад, „Тома“ е всушност огледало на душата на обичниот простодушен човек во земјата која повеќе ја нема, во земјата во која секој подеднакво имаше можност да биде и ѕвезда и лузер, и херој и губитник… Како Тома, како докторот, неговата сопруга Лилјана, Силвана… како плејада познати и непознати луѓе кои беа самите ковачи на својата среќа, која и покрај еднаквите можности подеднакво не им беше наклонета на сите, зашто нивната судбина така им предодредила.
Покрај главниот лик, една од највпечатливите ролји секако остварува и лекарот на Тома, чија судбина е подеднакво тажна само на малку поинаков начин, улога која во филмот на Драган Бјелогрлиќ маестрално ја одиграл актерот Петар Бенчина.
За својата улога на докторот на Тома, за впечатоците од снимањето, за неверојатно вртоглавиот успех на филмот, за односот со колегите, режисерот, за улогата на неговата сопруга, актерката Тамара Драгичевиќ која во филмот ја игра главната женска ролја на пејачката Силвана Арменулиќ, а сепак со нејзиниот сопруг немаат ниту една заедничка сцена во филмот…
View this post on Instagram
Kако и за уште многу професионални и приватни нешта, слушнете од самиот актер во инетрвјуто што нашите соработници од „Џингл ТВ“ неодамна го направија со актерот и за потребите на својот Интернет ТВ канал, сега за прв пат погледнете го и на еден македонски портал.