Кога сте дел од јавниот свет не треба само да имате талент туку и убаво да изгледате.
Во последните неколку години, многу пејачки, старлети и други медиумски личности одат кај пластични хирурзи за да го корегираат тоа што не им се допаѓа на нивното лице или тело.
Многумина од нив го променија личниот изглед, па не би ги препознале на фотографиите од минатото.
Цеца Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша, Александра Пријовиќ, Марина Висковиќ, Андреана Чекиќ, Ана Кораќ, Александра Суботиќ се само некои од познатите кои имаат направено корекција.
Докторка за естетска хирургија Марија Ристановиќ за курир.рс откри што јавните личности промениле на себе.
-Сите направија иста или слична корекција. Се работи за ринопластика, естетска операција на нос, „full – face approach“, вели докторката и додава:
-Исто така забележувам и зголемен волумен на филери во средната и долната третина на лицето (подочници, корекција на образите), како и зголемување на усните.
Во последно време во мода е третманот е „закосување“ на аглите на очите или таканаречени очи на мачка или „fox eyes“. Овој третман изнесува 850 евра, а истиот го имаат направено Ана Кораќ и Маја Маринковиќ.
Докторката откри што корегирале и Цеца Ражантовиќ и Јелена Карлеуша. Имено, разгледувајќи ги фотографии на двете пејачки, таа вели дека Цеца и Јеца ги зголемиле градите и задникот.
-Тоа е јасно како ден. Вградувањето на импланти во задникот е 3 200 евра, но во странство тоа изнесува многу поскапо, вели докторката.
Докторката Марија Ристановиќ откри колку трошат жените за да изгледаат задоволни со својот изглед.
Хирушката операција на нос е 2 500 евра, филерите се движат од 200 до 250 евра по еден милиметар, ботоксот по зона е 100-120 евра. За едно ремоделирање на лицето во кое се вклучени ботокс и филери, потребно е да издвојат од 2 000 до 3000 евра“ вели докторката.
фото: Курир.рс/приватна архива/Дамир Дервишагиќ/Немања Николиќ/принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ/ Дамир Дервишагиќ/инстаграм/ана кораќ