Симона Поповска која повеќето ја знаат како пејачка, за своја примарна професија ја има медицината, па дерматологија и естетските корекции се нејзино секојдневие. Медицината и музиката за Симона се две споиви нешта, па иако толку различни, таа успева да ги балансира во својот живот.
Откако со забрзано темпо стана мајка и по вторпат, Симона не ја запостави работата и успешно жолнглира со сите свои важни улоги. Исполнета, насмена и предана на се’ она што го зацртала и го поставила во својата животна агенда.
По музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи, а и на фестивалската сцена.
Па така, неодамна ја видовме и слушнавме со нумерата „Бакни ме за крај“ на Макфест 2023 година, каде се претстави во ултра вшечатливо издание од фустан кој го симболизира фениксот.
Активна на поле музика, а уште поактивна во ординација со пациентите. Секси на сцена, но секси и на работа во белиот мантил.
На последните и најнови фотки, доктор Симона е ултра атрактивна докторка во белиот мантил кај која да ти е мерак да закажеш термин – ако не за друго барем за совет.
Талентирана, згодна, едуцирана жена која ужива во задоволството да биде исполнителна во животниот пат кој го избрала.
За потсетување погледнете го и нејзиниот настап на Макфест за „Бакни ме за крај“.
фото:Instagram printskrin/Makfest