Радио Милева анегдота

Доктор Симона Поповска работела на корекции кај многу пациентки, а сега откри ситауција која не се заборава (видео)

Доктор Симона Поповска работела на корекции кај многу пациентки, а сега откри ситауција која не се заборава (видео)

Симона Поповска која повеќето ја знаат како пејачка, за своја примарна професија ја има медицината, па дерматологија и естетските корекции се нејзино секојдневие.

Медицината и музиката за Симона се две споиви нешта, па иако толку различни, таа успева да ги балансира во својот живот. Крајот на месец март е резервиран за нејзиниот роденден, па по повод 31 година од животот, очекувано доби лавина честитки на социјалните мрежи.

Меѓу многуте се најде и едно видео од нејзиното неодамнешно гостување во емијсијата на Снеже Велков, „Нешто конкретно“. Низ разговорот таа сподели анегдота која не може да ја заборави, па ја сподели со водителката и јавноста:

-Имав ситуација кога и правев консултација на една госпоѓа и разговараме за изгледот кога станува збор кај жените секогаш мора да има одобрение од соопругот. Јас кажувам сигурно вака ќе му се допаднете на сопругот и она ми вика. А не, починат е. Јас викам, извинете сочувство. Таа вика: не, не жив е, ама за мене е починат. Не дај Боже да те спомне жена и во таков контекст. Во секој случај!- сподели Симона.

Кога сме кај корекциите, познатат докторка изминатиот период зголеми многу туѓи усни, ама во трендот не се одмина ниту самата.

Откако со забрзано темпо стана мајка и по вторпат, Симона не ја запостави работата и успешно жолнглира со сите свои важни улоги. Исполнета, насмена и предана на се’ она што го зацртала и го поставила во својата животна агенда.

Од последната песна помина подолг период, но веруваме дека наскоро ќе изненади со нешто ново и на музички план.

фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска/Нешто конкретно

To top