Радио Милева тажно

Доказ кој ја покажува вистинската состојба на Бритни Спирс – шокантните сцени ги загрижија сите (фото)

Доказ кој ја покажува вистинската состојба на  Бритни Спирс  –  шокантните сцени ги загрижија сите (фото)

Бритни Спирс е снимена како вози во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес, по тврдењата дека нејзиното семејство и пријателите се обиделе да направат интервенција поради нејзиното проблематично однесување и стравувањата дека може да умре.

Последните папарацо фотографии на 41-годишната пејачка уште повеќе ги загрижија сите, ја покажаа со тажен израз на лицето и несредена коса, додека таа ги криеше очите зад очилата за сонце. По тврдењата за семејна интервенција, самата Бритни се огласи на својот Инстаграм профил и ги демантираше, притоа откривајќи дека го земала лекот Прозак за депресија.

“Не умрев луѓе. Јас сум тука. Жива сум. Жива сум и здрава”, вели таа во видеото на кое танцува. Сепак, извори блиски до неа за Дејли Мејл ексклузивно изјавиле дека предизвикува сериозна загриженост.

 

„Сите се загрижени за неа бидејќи е многу депресивна“, рекол извор близок на пејачката, додавајќи дека поранешната ѕвезда се претворила во интровертна, а нејзината депресија делумно е предизвикана од врската со нејзините синови, 17-годишниот стариот Шон Престон и 16-годишната Џејден Џејмс која ги дели со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн и кои одбиваат да ја видат.

Дека нејзината состојба е лоша, не е тешко да се заклучи кога ќе ги погледнете социјалните мрежи и нејзиното однесување во последно време. Нејзините обожаватели се исто така загрижени за нејзиното здравје и живот, а пејачката долго време се бореше со опијати и менталното здравје откако водеше долга судска битка со нејзиниот татко.

Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстгарам/Бритни Спирс

To top