Промотер

Дојде ред Тара и Барабара да ја препеат и „Сега јас сум на ред“ (ВИДЕО)

Дојде ред Тара и Барабара да ја препеат и „Сега јас сум на ред“ (ВИДЕО)

Серијата соработки на Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ, кои овој проект го започнаа со дуетската верзија на  макфестовската „Би те одбрал само тебе“ на Тара, а продолжија со рефрешираната варијанта на уште еден постар макфестовски хит од Роберт Билбилов – „Избриши ги ти солзите“.

И покрај тоа што и оригиналите отпеани од Билбилов сè уште активно се вртат и денес по радиостаниците, Тара и Барбара им даваат една поинаква димензија, им вдахнуваат свежина дополнета со нов аранжман и продукција, за која се погрижил самиот Билбилов, како и со одлична визуализација од режисерот Зоран Зонде Стојановски.

Сето тоа може да се забележи и во новата, штотуку објавена верзија на хитот „Сега јас сум на ред“, чие видео промовирано во 2006 година беше и првиот официјален спот за Билбилов.

Само за потсетување, авторка на стиховите е Сања Николиќ, а музиката, аранжманот и продукцијата се на Роберт. Како што тргнала работата, изгледа дека ќе можеме да очекуваме и цел дуетски албум, а како звучи и изгледа „Сега јас сум на ред“ во изведба на Александар Тарабунов и Барбара Поповиќ дознајте во продолжение!

To top