Радио Милева
во рингот „ѕвер“, дома „папучар“...

Додека Вељко меша манџа над шпоретот и пцуе, еве што прави Богдана: „Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам…“ (ФОТО)

Додека Вељко меша манџа над шпоретот и пцуе, еве што прави Богдана: „Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам…“ (ФОТО)

За Вељко Ражнатовиќ, младиот боксер и син на покојниот Аркан и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, често се вели дека во боксрескиот ринг е вистински „ѕвер“.

Но дома, по се’ изгледа дека  приказната е сосема поинаква. Вељко не крие дека е заљубен во својата убава сопруга Богдана, која пред половина година му го подари синот Жељко.

Младиот Ражнатовиќ, кој е многу активен на социјалните мрежи, честопати споделува моменти од  домашната атмосфера за своите следбеници, а со последното видео покажа дека е многу вреден и посветен сопруг, вистински домаќин за едни или вистински „папучар“, за други!?

Имено, додека Вељко со дрвена лажица стои над шпоретот и го меша ручекот да не загори, Богдана седи на компјутер и се забавува играјќи видеоигри.

„Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам“ – опцу  Вељко, секако на шега, па ја сврти камерата за да  покаже што прави неговата поубава половина, додека тој изигрува „очајна домаќинка“.

А пцовката? Колку да е на шега… Во секоја шега – половина вистина, велат!

Останати вести од Радио Милева