Радио Милева не се знае кој со кого...?!

Додека таа доживува хистерии во „Задруга 4“, татко и на Маја Маринковиќ се фати со старлетата Наташа – Москва: Довчерашната ријалити другарка сега и е нова маќеа (ВИДЕО)

Додека таа доживува хистерии во „Задруга 4“, татко и на Маја Маринковиќ се фати со  старлетата Наташа – Москва: Довчерашната ријалити другарка сега и е нова маќеа (ВИДЕО)

Таткото на Маја Маринковиќ, контроверзната учесничка во реалното шоу „Задруга 4“,  Радомир Маринковиќ – Таки, започна љубовна врска со поранешната учесничка на ова ријалити, старлетата Наташа – Москва.

Имено, Наташа беше учесник во втората сезона на реалното шоу  „Задруга 2“, така што со месеци живееше под ист покрив со  ќерката на сегашниот нејзин љубовник  – Маја Маринковиќ.

Како што дознаваме, Таки веќе некое време е во врска со контроверзна хрватска старлета, од која не се одделува.

„Таа е прекрасна дама и уживаме во животот“ кусо  изјавил Таки за  српски „Блиц“.

Како ќе реагира Маја Маринковиќ кога ќе слушне која е нејзината нова маќеа и дали ќе му даде благослов на нејзиниот татко кога станува збор за неговата нова врска, останува да видиме!?

Судејќи според нејзиното однесување во актуелното ријалити „Задруга 4“, каде нејзиното учество секојдневно е проследено со манијакални напади на  хистерија, можеме само да претпоставиме каква ќе биде нејзината реакција на новата маќеа!

 

To top