Финансиските последици од откажаните настапи на естрадата заради пандемијата на коронавирусот ги доведоа некои од изведувачите на работ на егзистенцијата, други пак, решени се дека нема што да чекаат и губар време, па се фатија за друга работа што ќе им донесе приход.
Некои веќе започнаа да настапуваат, но додека многу други „плачеа“ и бараа помош од државата, Ацо Пејовиќ се погрижи неговиот друг бизнис да го спаси од кризата.
Пејачот е еден од оние што ги засука ракавите, а во последните неколку дена тој го посвети на своите лозја, односно бербата на грозје, која успешно ја изврши и оваа година.
View this post on Instagram
Vinograd hoće slugu, neće gospodara ? Još jedna od sjajnih godina za moj vinograd ?
Тој се пофали за тоа на својот Инстаграм профил.
„Лозјето сака слуга; не сака господар. Уште една одлична година за моето лозје“, напиша Ацо, позирајќи до гајбите набрано зрело грозје.